
Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ го одржа своето редовно годишно собрание. Извештајот за работата на клубот го презентираше претседателот Пепи Аврамов. Тој истакна дека 2019 година беше една успешна година за овој планинарски клуб. Биле изведени 71 акција , од кои 10 акции биле работни (изработка на планинарска патека од месноста Смрдлива Вода до Асан чешма и приспособување на објектот на Негорски Бањи за добивање функција планинарски дом). Останатите 61 акција биле планинарски акции во Републиката и соседството. Беше донесена и Програма на активности на ПСК ДВЕТЕ УШИ Гевгелија за 2020 година, а истата има републички и меѓународен карактер. ПСК ДВЕТЕ УШИ Гевгелија им додели Признанија и Благодарници на најуспешните и највредните членови за 2019-та година. Признанија за посебни планинарски искачувања во 2019-та година добија Ристо Картов и Пепи Аврамов. Признанието за најмлад учесник во планинарките акции во 2019-та година отиде во рацете на Александар Карајанов. Тана Гавриловска доби Признание за успешно искачен врв Двете Уши во 2019 година . Благодарница за изработка на планинарски обележја на врвовите на Кожуф планина доби Благој Ѓорѓиев – Жапче, а Благодарница за придонес во уредувањето на планинарските патеки ка Кожуф планина и планинарски дом на Смрдлива Вода добија Трупун Кочев, Атанас Атанасовки и Јован Митров.