По исфрлањето на ЖРК Гевгелија од ракометната лига поради местење натпревари, ракометната јавност доби нова дилема – за само два месеца, на истата адреса осамна нов клуб со речиси идентично име и познато семејно потписништво.
Претседстел на санкционираниот клуб беше Герасим Сарамандов, татко на актуелниот градоначалник на Гевгелија, Андон Сарамандов. На 6 март 2025 година, тој се јавува како еден од петтемина основачи на новиот ракометен клуб „ЖРК Гевгелија Југ“, регистриран како здружение на граѓани.
Институционалниот благослов за новиот почеток стигнува од општината Гевгелија, која издава дозвола за користење на името „Гевгелија“ во новиот клубски назив – документ потпишан лично од градоначалникот Сарамандов, но без потребниот штембил и деловоден архивски број. Односно синот Андон Сарамандов потпишал неговиот роден татко да го користи името Гевгелија, а со тоа прогласувајќи го на наследник на клуб старт 60 години.
Новиот клуб настапува со нов стручен штаб и раководство, но основачката структура ја содржи истата фигура што беше поврзана со дисквалификуваниот клуб, Герасим Сарамандов. Само 20 дена подоцна, на 5 април, Герасим Сарамандов се повлекува од активна сопственост во новиот клуб,а повлекувањето доаѓа во период кога започнуваат да се отвораат прашања за транспарентноста и легитимноста на целата постапка.
Со ова, се отвора сериозно прашање, а тоа е дали санкциите во спортот важат за сите, и каков е интегритетот на институциите кога се во игра семејни и политички релации?
Дел од невладините организации од Гевгелија предводени од организацијата Млади за Македонија, официјално се обратија до Советот на Општина Гевгелија за преиспитување на одлуката со која синот градоначалник му дозволуве на таткото да го користе името
Случајот нуди загрижувачка слика за можната злоупотреба на јавна функција во корист на приватни спортски проекти со проблематично минато, при што го очекуваме ставот на градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, во однос на ова прашање.
Се шоставува прашањето дали Андон Сарамандов ја злоупотребил службената положба и овластувања даваји му дозвола на родениот татко Герасим Сарамандов?